РапидМК ::
- Како да извршам нарачка и уплата на налог?
- Во формата за уплата имате 3 начина на плаќање: Банка/Пошта, PayPal и Webmoney. Одкако соодветно ќе ја пополните формата, на вашата е-пошта ќе стигне код за потврда кој треба да го внесете на вториот чекор од формата за уплата и доколку се е како што треба, на вашата е-пошта во зависност од избраниот начин на плаќање ќе стигне уште една порака со информации за наплатување ( прочитај ги прашањата подоле ) соодветно со избраниот начин за наплата.
- Како да уплатам преку Банка/Пошта начинот на плаќање?
- По успешната потврда на вториот чекор од формата за уплата, на вашата е-пошта ќе пристигне порака со информации од нашата трансакциона сметка како и информации за банката. Се што треба да направите е да отидете до најблиската банка или пошта и да ја уплатите бараната сума со што за цел на дознака ке го ставите вашето име и презиме. Вашиот налог се креира штом вашата уплата ке се реализира односно кога ке стигне на сметката на компанијата ( во зависност од тоа што сте нарачале )
- Како да уплатам преку Moneybookers начинот на плаќање?
- Доколку имате избрано Moneybookers како начин на плаќање, по успешната нарачка на Вашата е-пошта ќе ви бидат испратени потребните информации за тоа како и на која адреса на Moneybookers да уплатите..
- Како да уплатам преку PayPal начинот на плаќање?
- Доколку имате избрано PayPal како начин на плаќање, после потврдата, на вашата е-пошта ќе стигне порака со информации за нашата сметка на PayPal на која што треба да уплатите, а воедно ова е и нај брзиот начин како да дојдете до премиум сметка.
- Како да уплатам преку Webmoney начинот на плаќање?
- WebMoney начинот на уплата е сличен како кај PayPal. Потребно е да имате WebMoney налог, и WebMoney Keeper Mini клиент преку кој ке се вршат трансакции. Нашиот налог е од типот WMZ (1wmz = 1$) при што сумата треба да се плати во долари. Бројот на кој што треба да уплатите ќе ви биде испратен на вашата е-пошта.
- Купив Премиум налог, но сеуште не ми стигнаа информациите за најавување. Што да правам??
- Доколку во вашиот Mailbox имате spam/junk папка проверете дали пораката се наоѓа таму. На жалост некој спам филтери пораките со информации за најавување ги препознава како спам. Информациите за најавување можете повторно да ги побарате преку нашата веб страница. Доколку добиете известување дека не е пронајден налог со вашата Email адреса, можно е вашата уплата сеуште да не е реализирана. Вашиот налог се креира штом вашата уплата ке се реализира односно кога ке стигне на сметката на компанијата ( во зависност од тоа што сте нарачале ). Доколку плаќањето е изврешено преку Paypal реализацијата на налогот е во истиот момент. Кога се во прашање други опции за наплата, процедурата може да потрае и до неколку денови.
